На 28 Јануари 2025 година, во просториите на Комората, помеѓу овластените лица – г-ѓа Кристинка Чулак, Претседателката на Комората и г-дин Џеват Селами, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка.
Целта на овој меморандум е двете институции заеднички да делуваат во интерес на реализација на активности кои се однесуваат особено на:
- Реализација на едукативни настани на теми поврзани со противпожарното инженерство и заштитата и спасувањето, со посебен аспект на цивилната заштита и заштита од пожари.
- Размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на претставници од двете страни во активности, кои ќе третираат теми од областа на противпожарното инженерство и заштитата и спасувањето.
- Континуирана соработка и координација меѓу стручните лица од Комората и ДЗС во процесот на изготвување на законски и подзаконски акти и нивно толкување, изготвување на стратегиски документи , анализи и процени во областа на заштитата и спасувањето
- Соработка за изработка на Стручни упатства од областа на заштитата и спасувањето и сл.
Во продолжение фотогалерија од настанот: