Во насока на појаснување на изборниот процес, дополнување со документи и исправка на воочени технички грешки во Упатството од страна на ЦИК, а во корелација со Претседавачот на Собранието, повторно ви го проследуваме повикот за номинација на кандидати за делегати во Собранието на Комората.
Согласно Одлуката на Собранието за распишување на избори во Комората за мандатниот период 2025-2029 бр.02-126/7 од 22.2.2025 година, како и Одлуката за број на претставници по одделенија и региони во Собранието на Комората за мандатен период 2025-2029, бр.02-209/4 донесена на 7.3.2025 година и Термин планот за спроведување на изборите предложен од Централната изборна Комисија и прифатен од Управниот Одбор, на 10.3.2025 година, беше распишан повик за номинација на кандидати за делегати во Собранието на КОАИ за мандатен период 2025-2029.
Во согласност со УПАТСТВОТО за избор на претставници од одделенијата во Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, раководители и заменик раководители на професионалните одделенија во Комората, претседавач и заменик претседавач на Собранието на Комората и Претседател и членови на Надзорниот одбор на Комората (пречистен текст) бр.02-192/2 од 25.2.2025 година, право на номинирање на кандидат за Собранието на КОАИ има:
- секој активен член на комората кој е матичен член на соодветното професионално одделение на комората (член 1, став 5 и став 6).
Кандидирањето на претставниците во Собранието на КОАИ и изборот на регионални претставници од одделението во Собранието на КОАИ се врши согласно член 5 и член 6 од горенаведеното упатство.
Кандитатурите се доставуваат на формулар предвиден во Упатството во печатена форма во просториите на Комората на адреса Бул. Партизански одреди број 29, локал 15, Т.Ц Буњаковец, Скопје, или на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., дигитално потпишан/односно скениран доколку има рачен потпис, најдоцна до 19.3.2025 година до 16 часот. Во формуларот за номинација треба да стои градот на кандидатот согласно податоците од неговата лична карта. Задоцнетите кандидатури нема да се прифаќаат.
Објавувањето на резултатите од прифатените номинации ќе биде на 24.3.2025 година.
Изборот на претставници од одделенијата за Собрание на КОАИ, е предвидено да се одржи на 2.4.2025 година, по електронски пат со соодветна електронска алатка.
- Преземи повик
- Преземи Термин план за спроведување на изборите предложен од Централната изборна Комисија и прифатен од Управниот Одбор
- Преземи Регистар на активни членови во КОАИ – Пресек 6.3.2025 година
- Преземи Одлука за број на претставници по одделенија и региони во Собранието на Комората за мандатен период 2025-2029, бр.02-209/4 донесена на 7.3.2025 година
- Преземи УПАТСТВО за избор на претставници од одделенијата во Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, раководители и заменик раководители на професионалните одделенија во Комората, претседавач и заменик претседавач на Собранието на Комората и Претседател и членови на Надзорниот одбор на Комората (пречистен текст) бр.02-192/2 од 25.2.2025 година
- Преземи формулар за кандидатура
Појаснување:
- Секој номиниран делегат за соодветното матично одделение треба да има поддршка, односно да биде предложен од 5 членови на регионот во кој припаѓа од истото матично одделение, со пополнување и поднесување на формуларот за номинација.
- Членовите имаат право да поддржат само еден кандидат за делегат. Доколку во некоја од номинациите се утврди дека кандидатот за делегат има добиено поддршка од член кој веќе има дадено поддршка на друг кандидат за делегат, номинацијата се поништува.
- Во електронскиот Регистар на членови на Комората https://clen.komoraoai.mk/ можете на го проверите вашиот статус и припадност на матично одделение. Доколку не сте регистрирани ве охрабруваме да го направите тоа тука https://clen.komoraoai.mk/register со емаил адресата на која ја добивте оваа порака.
Целокупната документација за изборите во Комората, можат да се најдат на веб страната на КОАИ: https://komoraoai.mk/clenovi-vo-komorata.html
Со почит,
Д-р Анастасија Трајковска, претседател на ЦИК