Одржана 29. седница на Централната изборна комисија на КОАИ

Печати

КОАИНа 12 ноември 2025 година се одржа дваесет и деветтата седница на Централната изборна комисија, со единствена точка на дневен ред – следење на процесот на гласање за дополнителни делегати во Собранието на КОАИ за мандатниот период 2025–2029 година.

Гласањето се спроведе електронски, преку алатката Election Runner, во периодот од 10:00 до 15:00 часот истиот ден.

Избрани делегати:

  • Наташа Неделковска – Одделение геотехника и

  • Дарко Спасеновски – Одделение сообраќај.

За Одделението архитектура - Регион 2, двајцата кандидати освоија еднаков број гласови, резултатот ќе биде проследен до одделението за понатамошно постапување.

Целосниот записник од седницата во PDF формат.