Се одржа првата регионална конференција за заштита од пожари

Печати

Прва регионална конференција за заштита од пожари

Комората на Овластени Архитекти и Овластени Инженери (КОАИ) активно учествуваше на Првата регионална конференција за заштита од пожари (SFPE), која се одржа на 3 и 4 декември 2025 година во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје.

Настанот, организиран од страна на SFPE North Macedonia (Society of Fire Protection Engineers), претставува значаен собир на експерти од регионот, поставувајќи нови, високи стандарди во областа на противпожарната заштита.

Прва регионална конференција за заштита од пожари

Упатуваме искрени честитки до г-ѓа Татјана Васиљевиќ Владев, Раководител на Одделението за ППЗ – ЗПР при Комората на ОАИ, за нејзиниот придонес и извонредната организација на овој настан. Нејзината посветеност и професионалност се клучен фактор за успехот на конференцијата и покажуваат колку е важна стручноста во оваа специфична инженерска област.

Оваа конференција е уште еден доказ за заложбите за унапредување на безбедносните стандарди и размена на знаења помеѓу професионалците.