УЧЕСТВО НА КОАИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС ВО ТЕТОВО

Печати

Picture1Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, присуствуваа на свеченото отворање на Меѓународниот конгрес „FROM RESEARCH TO APPLICATION“, кој се одржа на 20 мај 2026 година, во организација на Универзитетот во Тетово.

Настанот свечено го отвори Ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели. Овој Конгрес претставува клучна платформа за поврзување на научните истражувања со нивната директна примена во праксата – концепт кој е од суштинско значење за развојот и модернизацијата на инженерската и архитектонската професија. 

Посебна благодарност упатуваме до Деканот, проф. д-р Енис Јакупи, за официјалната покана и за неговата лична посветеност. Од голема важност е заедничкиот континуиран дијалог и обостраната заложба за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, што директно ќе придонесе во интерес на развојот, унапредувањето и поддршката на архитектите и инженерите.

Присуството на Комората ја потврдува цврстата посветеност за поддршка на академските иницијативи, зајакнувањето на регионалната соработка и континуираната размена на знаења и искуства меѓу науката и индустријата. 

  • Click to enlarge image Picture1.png
  • Click to enlarge image Picture2.png
  • Click to enlarge image Picture3.png
  •  
Picture1.png Picture2.png Picture3.png