Вебинар Интегрирани решенија за дојава на пожар и безбедна евакуација – примери на проекти

Едукација
Датум: 26 Ное 2020 13:00 - 16:00

Аларм аутоматика организира вебинар Интегрирани решенија за дојава на пожар и безбедна евакуација – примери на проекти кој ќе се одржи на 26.11.2020, од 13 до 16 часот.

Предвидени се три блокови на предавања, секој по отприлика еден час:

  • Безбедносни системи – функции, нормативни рамки, интеграција
  • Интеграција на дојавата на пожар со системите за безбедна евакуација (панично осветлување, евакуациски разглас, одведување на чад и топлина) со примери на проекти во болница, хотел, затвор, дрвна индустрија, јавна гаража и продажен центар
  • Интеграција на безбедносните системи со системите за техничка заштита со користење на софтверот ABSistemDCi® на пример на пазариште и деловна зграда

Со оглед на избраните теми и ангажманот на предавачи од целиот регион, веруваме дека вебинарот ќе биде интересен за членовите на Комората. Повеќе информации можете да погледнете ТУКА, а таму е и линкот за регистрација, како би се пријавиле директно на Zoom апликациата.

Останува напомената дека на ова презентација, како и на било која друга презентација која ја одржуваме нема комерцијален дел во смисла на цени, услови за соработа или посебни олеснувања, туку е првенствено начин како ние сме решавале зададени проблеми користејќи опрема од нашата понуда, а во рамки на пропишаните норми.