Локација: ZOOM платформа
Темата е актуелна поради ситуацијата со потреба за вентилација на простории (болници, училишта, јавни згради...) без отворање на прозорци, односно вентилациони системи кои се вградуваат над прозорците и вршат вентилација на просторијата, истовремено правејќи обновување на топлината.
Презентацијата ќе ја спроведе Ивана Цимешиќ, Магистер по архитектура во Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија - „УАСГ”, Софија. Од 2018 година е дел од македонското претставништво на интернационалната фирма АЛУКОНИГШТАЛ, насочена кон модерните тенденции на фасадните конструкции.