Локација: Сала на Комора ОАИ
На 2-ри ноември 2022 година (среда), со почеток во 12 часот, во просториите на Комората ќе се одржи предавање за БИМ технологија.
Предавањата ќе ги одржат Матјаз Шајн (Matjaž Šajn) директор на CGS Labs од Словенија и Петар Драгиќ (Petar Dragic), регионален менаџер на CGS Labs за Југоисточна Европа. Предавачите ќе се осврнат на искуствата од имплементација на БИМ во Словенија и регионот, со практична презентација за употреба на конкретни БИМ алатки, вклучително и алатки кои се софтверски изработени од CGS Labs.
Агендата за обуката е следна:
12.00-13.15 - Имплементација на БИМ во Словенија – (Матјаз Шајн)
13.15-14.30 - БИМ решенија во сферата на инфраструктурата – (Петар Драгиќ)
14.30 - Коктел
Матјаж Шајн дипломирал во 1987 година на Градежниот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија. Тој e пионер и промотор на CAD технологиите во раните 90-ти. Во 1990 година ја основа компанијата CGS, која се трансформира во CGS Plus, а подоцна во CGS Labs во 2017 година. Во моментов е извршен директор на компанијата CGS Labs со седиште во Љубљана и претставништва во Германија, Србија и Чешка. Главните активности на компанијата вклучуваат развој на софтвер во областа на патната, железничката инфраструктура и БИМ услугите. Матјаж Шајн е еден од оригиналните основачи на siBIM, словенечкото BIM друштво и негов активен член. Тој го води buildingSMART Chapter Словенија и е активен промотор на БИМ технологиите.