Гео-инженерски аспекти за структурната стабилност и заштита на историски камени конструкции: Кападокиски регион на Турција

Едукација
Датум: 31 Јан 2023 08:30

Локација: On-Line

Во вторник 31.1.2023 година, со почеток во 8.30 часот, на Градежен факултет, Скопје, УКИМ ќе се одржи онлајн стручно предавање на гостинот Проф. д-р Решат Улусај од Техничкиот факултет на Универзитетот Хаџетепе, Оддел за геолошко инженерство.

Програма

08:45 ч. - Отворање на настанот
09:00 ч. – Обраќање на претставникот на УКИМ
09:05 ч. - Обраќање на претставникот на Деканатот на ГФ
09:08 ч. - Обраќање на претседателот на МАГ, Вон. проф. Игор Пешевски
09:10 ч. - Обраќање на претседателот на Одделението за геотехника во КОИА, Проф. Јосиф Јосифовски
09:12 ч. - Обраќање и воведна презентација (Проф. Милорад Јовановски)
09:15 ч. – Презентација, Проф. Решат Улусај (прва половина од предавањето)

10.30 часот - Пауза

10:45 ч – Презентација, проф. Решат Улусај (втор дел од предавањето)
12:15 ч. - Дискусија и прашања (5-10 мин.)
12:30 ч - Затворање на настанот

Предавањето што ќе го одржи Проф. д-р Решат Улусај е со наслов „Гео-инженерски аспекти за структурната стабилност и заштита на историски камени конструкции: Кападокиски регион на Турција“

Содржина

  • Вовед
  • Карактеристики на Кападокија
  • Геологија и сезмотектоника на Кападокија
  • Карактеризација in-situ, краткорочни и долгорочни материјални својства на карпите на историските локалитети во Кападокија
  • Гео-инженерски проблеми кои влијаат на камени структури во Кападокија
  • Проценки на стабилност за избрани историски карпести конструкции
  • Можни мерки за заштита и стабилизација
  • Заклучоци

Податоци за приклучување на предавањето

Topic: Lecture: prof. Resat Ulusay
Time: Jan 31, 2023 08:30 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
https://gf-ukim-edu-mk.zoom.us/j/81940259712?pwd=ZzRvNzk5VTU2TnFTVEZwZk56VHY3dz09
Meeting ID: 819 4025 9712
Passcode: GF