Запознавање со БИМ алатките и методите на работа

Едукација
Датум: 30 Мар 2023 10:00 - 12:30

Локација: On-Line

Повторно имаме особена чест да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање во живо - второ од низата активности на Smart Solutions -  авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а со цел запознавање на членовите со БИМ алатките и методите на работа во БИМ. 
На ова предавање ќе започнеме со „Први чекори во Revit“ и Ведран Орешиќ, а ќе се придружат Никола Стрезовски со темата „БИМ: Како со помалку работа, да направите повеќе“, како и Трајче Стојанов со своето излагање за „Revit LT - БИМ за сечиј џеб“
Вебинарот е наменет за сите професии заинтересирани за БИМ процесот, со посебен акцент на архитектите. Предавањето ќе се одржи на 30-ти март во просториите на Комората. Местата се со ограничен број.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

Агенда на настанот:
10:00 – воведно обраќање на претставник на КОАОИ
10:05 – воведно обраќање на Smart Solutions
10:10 – Ведран Орешиќ | „Први чекори во Revit“
10:40 – Никола Стрезовски | „БИМ: Како со помалку работа, да направите повеќе
Што е она што повеќе не морам да го цртам / пишувам / пресметувам, благодарение на БИМ?“

11:20 – кратка пауза
11:30 – Трајче Стојанов | „Revit LT - БИМ за сечиј џеб“
12:00 – Q&A
12:30 - освежување со кафе/сок/колачи
 
-   Предавачи:

Ведран Орешиќ | БИМ Консултант, TD Synnex
Архитект со десетгодишно практично БИМ искуство во многу БИМ проекти од различна големина и сложеност и имплементација на БИМ процесите во многу архитектонски канцеларии. Како БИМ консултант, тој учествува во организацијата и имплементацијата на БИМ проектите и им помага на различни учесници сами да ги совладаат потребните БИМ вештини. 

Никола Стрезовски | Архитект, Масон Инженеринг
Никола Стрезовски е архитект кој е целосно посветен на проектирањето, но долг период е и во образованието како предавач и демонстратор на АФС УКИМ и ФОН на повеќе проектантски предмети, но и на предмети од областа на CAD/3D/Rendering.
Професионално е ангажиран во Масон Инженеринг, градежна компанија од Скопје, која активно воведува новитети во градежништвото. Автор е и на голем број на архитектонски проекти од сите области, како и голем број на изведени објекти. Зема учество на архитектонски конкурси, на кои има добиено 9 први места.

Трајче Стојанов | БИМ Инструктор, Семос Едукација
Архитект, БИМ консултант и БИМ инструктор во Семос Едукација.
Едукација со повеќегодишно искуство на проекти во земјава и странство. Последниве 2-3 години, тој е инволвиран во комерцијални и истражувачки проекти на полето на БИМ мандатирање и воведување на дигитални градежни дозволи базирани на БИМ.