Локација: Градежен факултет – Скопје
Ве информираме дека во организација на Градежен факултет Скопје, компанијата Бехтел – Енка и Комората на овластени архитекти и инженери ќе се одржи стручно предавање на тема:
„Заштита на косини на пат – Коридор 8 и Коридор 10“
- Датум: 9 декември 2025 година
- Време: 12:00 часот
- Локација: Градежен факултет – Скопје
Презентацијата ќе биде посветена на технички решенија за заштита на косини при изградба на автопатската инфраструктура на Коридор 8 и Коридор 10д, со осврт на практични примери од проектите.
Презентери:
Владимир Костовски, одговорен геолог-инженер и
Панкај Капур, менаџер за проектирање и теренска координација.
Предавањето е предвидено да трае околу 1 час и 30 минути, со можност за дискусија и прашања кон презентерите.