Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заедно со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме повторно да ве поканиме да ни се придружите на бесплатна Autodesk работилница, десеттиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Оваа практична работилница, која што ќе ја води Тамара Чорбиќ Ќеримоска, магистер инженер архитект, со повеќегодишно работно искуство на различни проекти од ентериери до урбанистички планови, ќе им покаже на учесниците како во Revit да моделираат односно направат сопствени типови на ѕидови и како да направат пресметка на материјали.
Важна напомена: Препорака е учесниците на работилницата да дојдат со свои лаптоп компјутери, за да бидат во можност паралелно да работат на вежбите заедно со предавачот.
Работилницата ќе се одржи на 04.12.2025 (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на работилницата:
09:30-10:00 Регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 Добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-10:35 1. дел: Вовед во Revit (30 мин.)
• Зошто Revit
• Запознавање со интерфејсот
• Креирање на нов проект
Пауза 5 мин.
10:40-11:40 2. дел: Креирање на 3D модел (1 час)
• Исцртување ѕидови, подови
• Додавање прозори, врати
• Додавање соби и квадратура
Пауза 20 мин.
12:00-12:45 3. дел: Креирање типови на ѕидови (45 мин.)
• Креирање на слоеви за внатрешен и надворешен ѕид
• Подесување на основата
• Подготовка за правење табели (Schedules/Quantities)
Пауза 5 мин.
12:50-13:35 4. дел: Работа со Schedules/Quantities (45 мин.)
• Правење на различни табели
• Работа со параметри во табели
• Експортирање табели
13:35-14:00 Прашања и заклучоци
Предавач: Тамара Чорбиќ Ќеримоска
Тамара Чорбиќ Ќеримоска е магистер инженер архитект, со повеќегодишно работно искуство на различни проекти од ентериери до урбанистички планови, за македонски и странски пазар.
Моментално работи за германскиот пазар, но со работа во различни компании се има стекнато со искуство на разновидни програми за проектирање, моделирање и рендерирање на објекти.
Исто така е и предавач во Semos Education на курсевите за Revit и на академијата за внатрешен дизајн како Autodesk Certified Instructor.
Податоци за он-лајн поврзување
Join the meeting now
Meeting ID: 340 125 002 445 37
Passcode: 7fF75cF9