Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во соработка со Друштвото за геотехника на Македонија и FRIEDR. ISCHEBECK GmbH & Partners, ве поканува на специјализиран геотехнички семинар посветен на правилно планирање, проектирање, изведба и тестирање на микроколови, почвени анкери и геотехнички сидра, согласно EN 1997 / EC7.
Основни информации за настанот
- Датум: 18.02.2026
- Локација: Салата за конференции на Комората (Скопје)
- Јазик на предавања: англиски
- Учество: бесплатно (со задолжителна претходна регистрација)
Клучни теми
- Области на примена на микроколови
- Геотехничко проектирање согласно EC7 / EN 1997
- Стандарди (сидра / микроколови / почвени анкери)
- Планирање и спроведување на тестови со товарење
- Методи на инсталација на микроколови
- Проектирање на глави на колови
- Трајна заштита од корозија и влијание на класи на изложеност