Локација: Хибриден настан
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ), преку Одделението на градежни инженери, за активните членови на КОАИ овозможи стручна обука посветена на актуелни теми од областа на FIDIC услови на договори:
„FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“
Обуката е наменета за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.
Целта на овој прв серијал обуки е унапредување на професионалните вештини во градежниот сектор преку практично разбирање и совладување на процедурите пропишани во меѓународните стандардни форми на договори за градење на објекти.
Предавач: Влатко Михајлов, дипл. град. инж.
I сесија: 22 април 2026 година, со почеток во 09:00 часот до 12:00 часот
Место на одржување:
ПРОГРАМА НА I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- клучни измени