Светски инженерски ден 2021 година

Домашни
Датум: Четврток, 04 Март 2021 00:00

Локација: ZOOM платформа

Светскиот ден на инженерството за одржлив развој беше прогласен од УНЕСКО на 40-тата Генерална конференција во 2019 година. Тој се слави ширум светот на 4 март секоја година од 2020 година. Денот нуди можност да се потенцираат достигнувањата на инженерите и инженерството во нашиот современ свет и да се подобри јавноста разбирање за тоа како инженерството и технологијата се од клучно значење за современиот живот и за одржливиот развој.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе го одбележи Светскиот ден на инженерството на 4 март 2021 година, со предавања на тема „СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ - ОДРЖЛИВО ИНЖЕНЕРСТВО“, електронски преку ZOOM платформата.

Собирот ќе го поздрави Претседателот на Европскиот совет на инженерски комори - ECEC, господинот Клаус Туридл.

Светскиот инженерски ден го одбележуваат инженерските комори во повеќе од 80 земји https://worldengineeringday.net/event/

Собирот ќе се одржи он-лајн во четврток на 4 март во 12 часот, на овој линк може да се поврзете преку ZOOM платформата https://us02web.zoom.us/j/83925540443?pwd=dE5paDdFL2h6M2lmanF3azVNcFJyUT09 или можете да го следите во живо на Facebook страницата на Комората https://www.facebook.com/komoraoai

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.