Презентација на Алуконигштал Schüco

Домашни
Датум: Четврток, 28 Октомври 2021 14:00 - 15:00

Локација: ZOOM

Ве известуваме дека на 28 октомври 2021 година во 14:00 часот ќе се одржи презентација на Алуконигштал Schüco. 

Темите кои ќе бидат изложени се:

  • „Здравје”- вентилирање со истовремено постигање на акустичен комфор; заштита од вируси и бактерии; заштита од сонце и одблесоци; непречен достап до простории за деца, постари лица, лица со инвалидитет
  • „Безбедност”- безбедно ракување со прозорци и врати; заштита од провала и напад; заштита од пожар
  • „Интелигентно градење”- 3Д фасади; модуларни фасади за брзо монтирање; интернет алатки и платформи за интелигентно проектирање

Презентацијата ќе ја спроведе Ивана Цимешиќ, Магистер по архитектура во Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија - „УАСГ”, Софија. Од 2018 година е дел од македонското претставништво на интернационалната фирма АЛУКОНИГШТАЛ, насочена кон модерните тенденции на фасадните конструкции.

Информации за настанот:

Дата и час: 28 октомври 2021 година, во 14:00 часот
Место на настанот: ZOOM Платформа
Линк за РЕГИСТРАЦИЈА

Исто така, Ве информираме дека презентацијата ќе се пренесува во живо на Facebook страницата на Комората (https://www.facebook.com/komoraoai).

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.