19-ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија

Домашни
Датум: Среда, 27 Април 2022 00:00 - Сабота, 30 Април 2022 00:00

Локација: Хотел Гранит - Охрид

19. Симпозиум на ДГКМ ќе се одржи во Охрид, хотел Гранит, во период 27.-30. Април 2022 година. Симпозиумот ќе се одржи во живо и во комбинација со е-платформа. 

Водејќи сметка дека во септември 2020 година, во паралелна употреба со актуелните прописи за проектирање на конструкции беа воведени Еврокодовите, а ценејќи ја потребата од дополнителна подготовка на инженерскиот кадар за нивна примена, 19. Симпозиум ќе биде посветен токму на оваа тема, со мото „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“. Еминентни стручни лица од земјава и регионот ќе одржат повикани предавања на таа тема и ке ја приближат проблематиката на нашата стручна јавност. Информации за Повиканите предавања се објавени на веб-страницата на ДГКМ (http://mase.gf.ukim.edu.mk)

Покрај Главната тема „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“ , ќе бидат застапени и останатите теми, а тоа се: 

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции 
  • Современи методи за проектирање на конструкции 
  • Современи техники за изведба на конструкции 
  • Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите 
  • Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите 
  • Доверливост и трајност на конструкциите 
  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој  
  • Инфраструктурни објекти 
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство 

Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема: Имплементација на Еврокодовите како национални стандарди - размена на искуства во регионот“ и Взаемна поврзаност и усогласеност на регулативата и стандардите за проектирање и изведба на објекти“.

Информација за Котизацијата за учество е објавена на веб-страницата на ДГКМ (http://mase.gf.ukim.edu.mk)

Цените за сместување се објавени на веб-страницата на ДГКМ. Секој учесник потребно е да изврши навремена резервација на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..