Хакатон на Светскиот ден на инженерството 2023 година

Меѓународни
Датум: Недела, 22 Јануари 2023

Локација: On-Line

Светската инженерска организација и УНЕСКО организираат Хакатон (натпревар) по повод Светскиот ден на инженерството 2023. Хакатонот е насловен „Инженерска иновација за поотпорен свет“ е дизајниран да ги поттикне студентите по инженерство да работат во тимови на решавање на глобален реален проблем.

Овој натпревар претставува симулација на проект од реалниот свет. Тимовите треба да работат заеднички на избран проблем за да обезбедат збир на резултати во краток временски рок. Користејќи го своето теоретско знаење, студентите стекнуваат искуство од прва рака за да го развијат своето критичко размислување, да изградат нови вештини, да излезат од нивната комфорна зона и да изградат трајни односи.

Повеќе информации за предизвиците на Хакатонот и регистрација на тим