Семинар: Градежништво и сообраќај 2023 година

Меѓународни
Датум: Среда, 31 Мај 2023 - Петок, 02 Јуни 2023

Локација: Hotel Crowne Plaza, Белград

Од 31.05. до 02.06.2023 година, во хотелот Crowne Plaza во Белград, ќе се одржи Третиот регионален стручен семинар ГРАДЕЖНИШТВО И СООБРАЌАЈ 2023. Ве покануваме да земете учество на овој еминентен собир кој е во втор по ред. Првиот собир се одржа во јуни 2019 година и на едно место беа собрани над 200 експерти од различни профили, пред сѐ од областите градежништво и сообраќај. Семинарот што требаше да се одржи во јуни 2021 година, беше одложен поради пандемијата на вирусот Ковид-19.

Оваа година на семинарот ќе се разговара за планирање и дизајнирање, изградба и одржување на патишта, безбедност во сообраќајот, нови софтверски пакети, заштита на животот животна средина, мостни конструкции, одводнување патишта, примена на БИМ технологија и други теми тесно поврзани со нискоградба и патни објекти и сообраќајната инфраструктура. Семинарот е примарно наменет за градежни и сообраќајни инженери, но може да биде интересен и за урбанисти, архитекти, просторни планери и специјалисти од други сродни технички професии.

Покрај предавањата од врвни професори и експерти од целиот регион, ќе бидат организирани и придружни изложби на материјали, опрема и нови технологии од областа на нискоградбата и сообраќајот, а сите учесници, како дел од работните и промотивните материјали ќе добијат подарок примерок од најновото издание на алманахот ПУТ плус 2023/24 што ќе излезе од печат пред самиот семинар.

Детална агенда и повеќе информации за Семинарот