8-ма Меѓународна конференција за безбедност и здравје во градежништвото насловена како „Почитувај ги човековите права – секој има своја улога“

Меѓународни
Датум: Петок, 26 Мај 2023 - Сабота, 27 Мај 2023

Локација: Хотел Хилтон, Никозија, Кипар

Осмата Mеѓународна конференција за безбедност и здравје во градежништвото насловена „Почитувај ги човековите права – секој има своја улога“ ќе се одржи од 26 до 27 мај 2023 година, во хотелот Хилтон во Никозија на Кипар. Конференцијата ќе биде под глобалната кампања Vision Zero на Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ISSA) и ќе биде организирана под покровителство на Министерството за труд и социјално осигурување на Кипар. Европскиот совет на градежни инженери е еден од поддржувачите на 8-та меѓународна конференција за безбедност и здравје во градежништвото.

Организацискиот одбор објави покана за поднесување на апстракти за 8-та Меѓународна конференција за безбедност и здравје во градежништвото. Теми за Конференцијата се наведени подолу, иако ќе бидат примени и трудови за други релевантни теми.

Теми на Конференцијата

  • Сесија „Човекови права“ Сесија „Улогата на играчите“
  • Комуникациско лидерство
  • Странски работници – Јазична бариера Инвестирање во луѓе
  • Проценка на ризикот за благосостојба
  • Обука за етика (ООП)
  • Квалификации

Водич за автори

Апстрактите не треба да надминуваат 500 зборови и треба да се достават до 2 март 2023 година.
Ве молиме доставете го вашиот апстракт до претседателот на Кипарската асоцијација на градежни инженери, г-ѓа Евангелица Цулофта на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Viber, WhatsApp: +357 99413762.

Важни датуми

Краен рок за поднесување: 2 март 2023 година
Известување за прифаќање: 10 март 2023 година

Поголу можете да го преземете известувањето, како и кратка информација за Конференцијата. Дополнителни информации и детали ќе бидат достапни наскоро на веб-страницата на Конференцијата https://cosh.cy/ и на веб-страницата на ECCE.

За какви било прашања во врска со Конференцијата или поднесувањето на апстрактот, ве молиме контактирајте со г-ѓа Евангелица Цулофта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Со нетрпение очекуваме да ве видиме на 8-та Меѓународна конференција за безбедност и здравје во градежништвото.

 

Телефон
+357 99413762
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.