Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората ве поканува на Belimo Day 2024, во организација на компанијата BELIMO Automation Handelsgesellschaft mbH, од Виена, Австрија. Темата на овогодишниот Belimo Day 2024 ќе биде „Мали уреди, големо влијание. Обезбедена енергетска ефикасност“.
Предавањето ќе се одржи на 26 април 2024 година, со почеток во 11.30 часот во големата сала на Комората. Предавањето ќе трае отприлика еден час, следено со пригоден коктел.
Предавач на настанот ќе биде Горан Андреев, регионален претставник на BELIMO.