Меѓународна конференција за заштита од пожари

Меѓународни
Датум: Среда, 03 Декември 2025 00:00 - Четврток, 04 Декември 2025 00:00

Локација: хотел „DoubleTree by Hilton“

Ве покануваме да ја посетите Меѓународната конференција за заштита од пожари, која ќе се одржи на 3 и 4 декември во хотел „DoubleTree by Hilton“ – Скопје.

Конференцијата е од меѓународен карактер и ќе опфати разновидни теми од областа на заштитата од пожари, со предавачи исклучиво од странство – професори, истражувачи и инженери кои активно учествуваат во развојот на современи решенија и технологии во противпожарното инженерство.

Овој настан претставува извонредна можност за размена на знаења, искуства и најдобри практики, како и за вмрежување со врвни експерти од Европа и пошироко.

Настанот е во организација на SFPE North Macedonia, национално поглавје и дел од глобалната асоцијација SFPE (Society of Fire Protection Engineers).

- 3–4 декември 2025
- DoubleTree by Hilton, Скопје

Регистрацијата можете да ја остварите на следниот линк:
https://sfpe.mk/conference-registration/

Ве очекуваме!

SFPE North Macedonia
https://sfpe.mk