Промоција на книгата „Principia Architectonica“ од Алберто Кампо Баеза

Меѓународни
Датум: Среда, 19 Ноември 2025 19:00

Локација: Изложбената сала на Архитектонскиот факултет - Скопје

Денес, на 19 ноември 2025 година, со почеток во 19 часот, во Изложбената сала на Архитектонскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Principia Architectonica“ од Алберто Кампо Баеза, во превод на македонски јазик на проф. д-р Влатко П. Коробар. 

Во рамките на промоцијата, поставена е изложба на проекти и објекти од книгата.