Хармонизација на националната со европската стандардизација во областа на BIM технологијата

Домашни
Датум: Среда, 03 Декември 2025 10:45 - 13:05

Локација: Стопанска комора на Северна Македонија

Ве покануваме на стручниот настан посветен на дигитализацијата во градежништвото и имплементацијата на Европските стандарди во националната пракса. Настанот ќе го претстави и работењето на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 45 – „Информациско моделирање на градби (BIM)“.

Овој настан е одлична можност за сите чинители во градежниот сектор да се информираат за најновите трендови, стандарди и практични примени на BIM технологијата, како и за тоа како таа го забрзува дигиталниот развој.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

10:45 – 11:00 | Регистрација на учесници

11:00 – 11:10 | Воведни обраќања и отворање на настанот

  • Андреја Серафимовски – Претседател на Здружение за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанска комора

  • Д-р Џеват Кицара – Директор на ИСРСМ

11:10 – 11:20 | Време е за стандарди - Учествувај и биди информиран

  • Маја Дојчиновска Колиќ – Технички секретар ТК 45, Институт за стандардизација на РСМ

11:20 – 11:40 | Дигитализација во градежништвото - БИМ технологија

  • Дијана Ликар – Претседател на ТК 45, ГИМ

11:40 – 11:50 | Активности на КОАИ во имплементација на БИМ

  • Ристо Малков – Член на ТК 45, КОАИ

11:50 – 12:00 | БИМ во студиските програми на Градежен факултет Скопје

  • Проф. д-р Сергеј Чурилов – Член на ТК 45, Градежен факултет

12:00 – 12:10 | БИМ - Зошто и како да се имплементира?

  • Димитар Гучев – Член на ТК 45, Град Скопје

12:10 – 12:20 | Презентација од Стопанска Комора

  • Никола Стрезовски – Член на ТК 45, Стопанска Комора

12:20 – 12:30 | Како BIM го забрзува следниот бран на напредни дигитални технологии

  • Трајче Стојанов – ЗВЕИ ДООЕЛ СКОПЈЕ

12:30 – 12:40 | Презентација од Intelligent Network Solutions – INS

  • Исидора Спирова – БИМ/ГИС експерт

  • Александар Јаневски – БИМ/ГИС експерт

12:40 – 12:50 | Успешна приказна - New vision / Molior (Видео)

  • Владимир Крстиќ – Член на ТК 45, Смарт Солутионс

12:50 – 13:05 | Дискусија и прашања