Одбележување на Денот на Комората 2025

Домашни
Датум: Петок, 19 Декември 2025 16:30 - 19:30

Локација: Сала на Комора ОАИ

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) ќе го одбележи Денот на Комората со свечен настан и доделување на годишните именувани награди за 2025 година, кој ќе се одржи во петок, 19 декември 2025 година, во Салата на Комора ОАИ.

Настанот претставува можност за средба и вмрежување на чинителите од професионалната заедница, како и за јавно препознавање на професионалните достигнувања во градежништвото во земјава и пошироко. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени именуваните награди како поттик и афирмација на трајните вредности и придонесот на архитектите и инженерите во текот на годината што изминува.

Од 2013 година Комората традиционално доделуваше четири именувани награди, а од оваа година се воведува и петта именувана награда, со цел да се опфатат и одделенијата со помал број членови.

Именувани награди на Комората:

  • „Проф. Борис Чипан, дипл.инж.арх.“ – награда за Архитектура

  • „Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж.“ – награда за Градежништво

  • „Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж.“ – награда за Машинство

  • „Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж.“ – награда за Електротехника

  • „Проф. д-р Миле Димитровски, дипл.маш.инж.“ – награда за одделенијата со помал број членови

Датум, време и локација

  • Датум: 19 декември 2025 година

  • Време: 16:30 – 19:30 часот

  • Локација: Сала на Комора ОАИ

 

Агенда

  • 16:30 – 17:00 Прием на гости

  • 17:00 – 17:15 Отворање на настанот и поздравни говори

    • Заменик министер за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири

    • Претседател на Комора ОАИ, Дејан Метикош

  • 17:15 – 18:30 Доделување на именуваните награди на Комората за 2025 година

  • 18:30 – 19:30 Коктел и вмрежување