Локација: Хибриден настан
Почитувани колеги и регистрирани учесници,
Ве известуваме дека II-та Сесија од стручната обука на тема: „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- 14 процедури“, ќе се одржи на 20 мај 2026 година, со почеток во 9 часот.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ), преку Одделението на градежни инженери, за активните членови на КОАИ овозможи стручна обука посветена на актуелни теми од областа на FIDIC услови на договори:
„FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“
Обуката е наменета за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.
Целта на овој прв серијал обуки е унапредување на професионалните вештини во градежниот сектор преку практично разбирање и совладување на процедурите пропишани во меѓународните стандардни форми на договори за градење на објекти.
Предавач: Влатко Михајлов, дипл. град. инж.
Место на одржување:
Програма на II СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 - 14 процедури
За новиот термин на одржување на I-вата одложена сесијата ќе бидете дополнително и навремено известени преку вашата е-пошта и официјалната веб-страница на Комората.
Воедно, би сакале да го истакнеме следново: