Пресинг 29
Печати

pdf iconПРЕСИНГ БР.29

„СМАРТ“ ТЕХНОЛОГИИ И ИНЖЕНЕРСТВО

Паметната (СМА РТ) технологија овозможува подобра организација и навремено информирање пр екуелектронски уреди кои се веќе широко распространети и релативно достапни. Нивната главна придобивка е можност а за мрежна (интернет) комуникација и комуникациската поврзаност преку „клоуд“ системите за споделување на податоци. Сепак паметната технологија е многу повеќе од само техника, таа претставува моќна алатка во рацете на секој корисник со која може да ја зголеми својата ефикасност, но и да го поедностави секојдневието.

Денеска т.н. „паметни“ системи наоѓаат голема примена во инженерството, таков пример е: интегрираниот градски систем за сообраќајна сигна лизација, системот за електронска банкарска проверка и наплата од сметките, можноста да се провери потрошената електрична енергија и висината на износ, следењето на техничкото набљудување на објектите (брани, електрични централи и други). Исто така овие системи се користат и во организацијата на градовите, домовите, енергијата, превозните средства итн.
„Паметните“ градови ја користат оваа технологија во креирањето и управувањето со инфраструкт урата и објектите на начин кој е ефикасен и соодветствува на модерните потреби на граѓаните во ова динамично време. „Паметните“ домови се, пак, урбани единици на „паметните“ градови кои инкорпорираат напредни автоматизирани системи кои овозможуваат набљудување и контрола над неговите функции. Во овие објекти се контролира освет лувањето (како природното така и вештачкото), температурата (преку системот за греење и ладење), системот за мултимедиа (интернет, телевизија, телефон), системот за безбедност, потрошувачка на енергија (комбинирајќи различни и обновливи извори), како и многу други функции со цел да се оптимализираат и олеснат процесите за корисникот.
Во истражувачкото инженерство „паметните“ мрежи се користат за анализа на податоци и симулација на процесите за кои стандардните техники и методи не се применливи или се прескапи. Вештачките невронски мрежи се добар пример за тоа како базирајќи се на експериментални или нумерички
резултати, системите учат за одделни феномени што ги прави погодни за прогнози. Технолошкиот развој исто така нуди можност за примена на т.н. „паметни“ материјали со уникатни својства, како што се металните легури, кои изложени на температурата или на други влијанија имаат
способност да си ја повратат формата. Легурите што си го помнат обликот нудат големи можности за инженерите да создаваат „паметни“ конструкции со контролиран одговор на надворешните влијанија и услови. 
Во иднина „паметните“ технологии само ќе се унапредуваат и групираат во т.н. мрежа од објекти (Internet Of Things), интегрирајќи меѓу себно сè повеќе
уреди и средства кои се контролирани од еден центар или корисник. Технолошката револуција на „паметните“ системи и нивната примена во инженерството почна, нам ни останува да се придружиме!

 
Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“