Пресинг 4
Печати

pdf icon ПРЕСИНГ БР.4

ИНФРАСТРУКТУРА

Време реално. Сцена надреална. Чекајќи во колоната пред наплатната станица, со напор, успевам да „прелистам”
неколку страници од веќе пожолтениот дневен весник, рециклиран во заштитна сончева завеса. Нецелосниот
ценовник, деформираниот алуминиум, напукнатите правливи стакла, каблите фиксирани со самолеплива лента, широкиот
спектар на употребени рампи, општата нечистотија и слично, да бев сам, најверојатно немаше ни да ги забележам. Ама,
сам не бев. Со мене беа тројца професори од Германија. За нив, во тој миг, тоа беше Македонија.
рампата стоеше неподигната, колоната во лер, непоместена. Нервозата растеше. Најпосле, се појави
спасителот. мрзоволно, излезе од куќичката и се упати кон заглавената рампа.ја зграпчи дрвената летва и едноставно
ја извлече од нејзиното лежиште. Импровизацијата ја победи техниката. Карактеристично за овие простори.
Не очекував вакво примитивно, „механичко” решение на проблемот. Патриотски, низ шега, се обидов да се извадам
пред сопатниците, дека ние во македонија, по традиција, повеќе ѝ веруваме на механиката отколку на електрониката.
Се обидов, зашто, за нив, во тој миг, јас бев македонија. А, тукушто си помислив дека дојде крајот на моите
маки поради логичните прашања кои почнаа да ми ги поставуваат уште при тргнувањето од Охрид.

Што да се "Св. Кирил и методиј" одговори, а притоа да се биде и инженерски коректен и лојален на државата, на коментарите за само 4,5 m широкиот меѓународен пат Св.Стефан - Св.Наум, за непостоењето на автопатска врска Скопје - Охрид, за
немањето железница до најголемиот македонски туристички центар, за непостојните редовни авионски линии до
македонскиот Ерусалим, за бродската неповрзаност со Албанија, за нечистотијата на Стража, за пругата кон
Бугарија која веќе добива митски димензии, за....... Сé прашања од инфраструктурата - повеќедецениската болна
точка на македонското општество.
Незгодна е инфраструктурата. дава, но и многу бара: јасна визија, добра стратегија, изградена финансиска
конструкција, квалитетно менаџирање, „машка” работа и секако, време. релативно многу време. Еден започнува,
друг завршува, најчесто. А, на крај, по сите маки, ја прифаќаме како нешто што се подразбира, нешто што
е нормално да се има, нешто за кое се прашуваме како воопшто сме можеле без него да егзистираме.
Но, сосема е јасно дека инфраструктурата, особено патната, претставува основа за стопански и општествен
развој. Таа овозможува и иницира. Постојната, овозможува подобра, побрза, поедноставна и побезбедна комуникација
на луѓе и добра, поинтензивен стопански развој, квалитетна општествена активност, живот во помалите
места или општо - подобар живот. Изградбата на нова, иницира развој, нови вработувања, обрт на капиталот и
повторно - подобар живот. Инфраструктурата поврзува и обединува. места, градови, држави, континенти. Цивилизации, култури, идеи,
народи, семејства, пријатели, личности. Таа е и показател. За зрелоста на државата. За нејзиното минато, сегашност,
иднина. За визионерството на владетелите, за свеста на народите. Показател на моќ, но и на инфериорност.
И уште нешто, според мене особено важно. Инфраструктурата е во нераскинлива интерактивна врска
со инженерството. Инфраструктурните објекти со својата сложеност и комплексност поттикнуваат и обезбедуваат.
Поттикнуваат продлабочено учење, покомплексно знаење, вистинско истражување, постојана умствена
активност, усовршување, вложување, технолошки развој.....

Oбезбедуваат услови за формирање и одржување на сопствен инженерски идентитет, изградба и надградба на свој стручен потенцијал, стручна независност, рамноправно присуство на глобализираниот пазар. верувам, нема да дозволиме да се сведеме единствено на провинциски инженерски кадар оспособен само за проектирање и изведба на локални пет-шест катници.
Затоа, да дадеме поттик и поддршка за реализација на нови инфраструктурни проекти. Секој во рамките
на своите надлежности и според своето чувство за општествена одговорност.

Главен и одговорен уредник
Д-р Горан Марковски
Професор на Градежниот факултет
Универзитет "Св. Кирил и Методиј"