Печати

Комроа ОАИМинистерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт и врски).
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува барање со пропратна документација согласно Правилникот во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец септември 2022, и изнесува 32.553 денари, што упатува дека стручниот испит чини 11.394 денари (35% од 32.553 ден). Уплатата се врши на следната сметка на Комората:

Подолу можете да ги преземете материјалите за стручниот испит: