Печати

Комора ОАИМинистерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во петок на 28.02.2025 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови. Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 10.02.2025 година.

Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт).

Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање.

Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ БР.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Треба да се приложат следните документи:

  1. Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
  1. Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање.
  1. Доказ дека го исполнува условот за работно искуство од најмалку 12 месеци по стекнување на условот за високот образование, а до денот на полагање на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање од член 67 од Законот за урбанистичко планирање и членовите 3 и 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.

Како доказ за работното искуство се смета:

  1. Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 најмалку еден труд од чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит;
  1. Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
  1. Доказ за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит

Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец ноември 2024 година изнесува 41.999 ден., што упатува дека стручниот испит чини 14.700 ден. (35% од 41.999 ден).

Уплатата од 14.700 денари  се врши на следната сметка на Комората:

Материјалите за стручниот испит можете да ги преземете на следниот линк -> Испит урбанизам