Печати

Комора ОАИМинистерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во сабота на 13.06.2026 година, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање јунска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.

Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт).

Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање најдоцна до вторник, 26.05.2026 година.

Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ Бр.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери бр.01-799/3 од 23.05.2023 година, на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Треба да се приложат следните документи:

  1. Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
  2. Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање.
  3. Доказ дека го исполнува условот за работно искуство согласно член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, и согласно член 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
  4. Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 и чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
  5. Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
  6. Доказ за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит

Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец февруари 2026 година изнесува 46.159 ден., што упатува дека стручниот испит чини 16.156 ден. (35% од 46.159 ден).

Уплатата од 16.156 денари  се врши на следната сметка на Комората:

Материјалите за стручниот испит можете да ги преземете на следниот линк -> Испит урбанизам