Форум на архитекти – 7-8 мај 2024 година во Белград

memo forum arh belgrad

Почитувани членови на Комората,

Во продолжение ви ја проследуваме информацијата за настан кој ќе се одржи на 7 и 8 мај 2024 година во Белград:

„Во согласност со мисија да ја зајакнеме позицијата на архитектонската професија во Србија и на Балканот (по основањето на списанието и подкастот „Архитект“), од 7 до 8 мај годинава организираме дводневен настан наречен „Форум на архитекти“. Нашата желба е да собереме 1.500 архитекти од регионот и да им дадеме можност да се сретнат и да разменат мислења и искуства со светски познати и признати архитекти.

Покрај сеприсутните теми за одржливост, енергетска ефикасност, употреба на БИМ технологии и вештачка интелигенција, ова ќе биде можност за нашите ценети предавачи да изложат примери од нивни проекти за проблемите чие решение барало размислување надвор од воспоставената рамка, како на пр. како скокање во непознатото. Очекуваме да бидат допрени оние моменти кога интуицијата, инвентивноста, знаењето и естетиката се спојуваат во уникатен креативен чин. Од поканетите гости ќе слушнете предавања за пречките со кои се соочиле и знањата што ги стекнале. Сакаме нашите ценети гости да ве инспирираат и поттикнат во вашите креативни потфати. Сите овие причини го дефинираа „Следно ниво“ како главна тема на овој настан.“

Преземи постер

Повеќе информации за настанот https://arhitekta.co.rs/arhitekta-forum/