Одделението на Електроинженери при Комора на овластени архитекти и овластени инженери упатува повик за доставување апстракти на трудови за потребите на стручниот настан „3-ти Денови на електроинженери“, кој ќе се одржи на 17 и 18 септември 2026 година во Скопје.
Повикот е отворен за сите кои ја покриваат областа на електротехниката и се заинтересирани да учествуваат на собирот како предавачи или автори на трудови.
За кандидатура е потребно да се достави Пријава на апстракт на труд со наслов, тема и краток текст, во форма која е дадена во прилог на овој повик.
Програмскиот одбор ќе ги разгледа доставените апстракти и ќе донесе одлука за нивната актуелност и прифаќање. По добиената потврда, авторите ќе пристапат кон подготовка на трудот во согласност со Упатството за подготовка на труд, кое исто така е приложено.
На третите денови на електроинженери ќе се обработуваат трудови од областите на проектирање, надзор или изведба на следните тематски целини:
- Електроенергетика
- Нисконапонски електрични инсталации во објекти
- Осветлување
- Обновливи извори на енергија - хидроелектрични, фотоволтаични централи, ветрогенератори и батериски системи
- Енергетска ефикасност и одржлив развој
- Паметни мрежи, микро мрежи, полначи на автомобили
- Квалитет на електрична енергија
- Информациски и напредни технологии
- ЕУ Проекти и фондови
- Законодавство
Сите прифатени трудови ќе бидат објавени во Зборник на трудови и/или презентирани на собирот преку предавање, за што конечна одлука ќе донесе Програмскиот одбор.
Важни рокови:
- Пријавите на апстракти да се испратат најдоцна до 30 април 2026 година на следната е-пошта:
- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Известување за прифаќање ќе биде доставено до 15 мај 2026 година.
- Авторите чии апстракти ќе бидат прифатени имаат рок за доставување иницијални верзии на трудовите до 20 јуни 2026 година.
Во прилог:
Доколку се препознавате во улога на предавач или автор на стручен труд и имате желба Вашиот труд да биде презентиран на Настан кој ќе ги собере колегите електроинженери на едно место, Ве охрабруваме да се пријавите на овој повик и со тоа да дадете личен придонес во понатамошниот развој на струката.
Со почит,
Одделение на електроинженери при КОАОИ
Мицко Чадиновски – Раководител на одделение
м-р Дарко Трајаноски – Претседател на Организационен одбор