Политика за приватност

Печати

1.  Општи информации

а) Ви благодариме за интересот за нашата веб страница и нашите онлајн услуги. Заштитата на личните податоците на посетителите и нивното користење на нашата веб страница е наш најголем приоритет. Токму затоа, оваа Политика е направена за да ве информира за обработката на вашите лични податоци и кои се вашите права.

б) Комората на овластени архитекти и овластени инженери – Комора ОАИ, согласно Законот за заштита на личните податоци сме контролори и сме одговорни за обработката на личните податоци кои се обработуваат од наша страна.

в) Генералниот секретар на Комората, Димче Атанасовски, е назначен за офицер за заштита на личните податоци за Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Неговите контакт податоци се прикажани во продолжение:

Адреса: Бул. Партизански одреди бр.29, ТЦ Буњаковец, кат 2, локал 15
Телефон: +389 2 3222 356
Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2. Обработка на вашите лични податоци при посета на нашата веб страница

Вашата посета на нашата веб страница ќе биде евидентирана. Исто така, евидентирани ќе бидат и следите податоци: IP адресата што ја користи вашиот уред, датумот и времето, видот на прелистувачот и оперативниот систем на вашиот уред, веб страниците од кои се поврзувате.

Овие лични податоци се собираат заради оптимизирање и подобрување на нашата веб страница. Обработката на личните податоци се врши бидејќи наш легитимен интерес е да ја заштитиме нашата веб страница и да го подобриме нејзиниот квалитет.

Можете да го користите делот за контакт на нашата веб страница за да не контактирате со какво било барање. Личните податоци кои ги праќате ќе бидат обработени само за одговарање на вашето барање.

За да ја направиме вашата посета на нашата веб страница попријатна за прегледување и да овозможиме употреба на одредени функции, користиме „колачиња“.

Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на пребарувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот пребарувач при следната ваша посета на нашата веб страница. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб страница може да биде ограничена.

За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.

Преносот на личните податоци на други контролори на лични податоци не се извршува, освен во случај кога сме обврзани со закон. За повеќе информации во врска со соодветните заштитни мерки за трансфер на личните податоци или копија од нив, контактирајте го нашиот Офицерот за заштита на личните податоци.

Личните податоци што се дадени преку нашата веб страница ќе се чуваат додека не се исполни целта за која се обработуваат. Рокот на чување може да се измени во одредени случаи, кога на пример е потребно да се гарантира безбедност на податоците, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични дела.

3. Ваши права

Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве: