Овогодинешниот Салон, 32 по ред, ќе се одржи од 8 до 11 Ноември во Научно – технолошкиот парк во Ниш. Покрај стандардните категории од урбанистичкото планирање (просторни, генерални, детални урбанистички планови), може да се учествува и со истражувачки студии, публикации, неостварени урбанистички идеи и студентски трудови.
Рокот на пријавување е 6 Октомври 2023 година, а рокот за доставување на трудовите е 20 Октомври 2023 година. Со цел да се промовира меѓународниот карактер на Салонот, за учесниците од странство има посебни поволности. Повеќе информации во однос на пропозициите, составот на жири-комисијата и потребната котизација можете да добиете на facebook страницата на организаторот на следниов линк.
или на официјалната web страница: http://www.uus.org.rs/