Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) успешно се реализираше настанот на тема „Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“.
Настанот беше организиран во рамките на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за негово подобрување во Град Скопје“, со цел да се понудат конкретни и одржливи решенија базирани на научни податоци за еден од најзначајните предизвици со кои се соочува главниот град.
Leggi tutto: Стручни предавања - Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на...
Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа комерцијална презентација посветена на современите решенија за противпожарна заштита, во организација на BONPET.
Во услови на зголемени безбедносни барања и брз технолошки напредок, на презентацијата беше истакнато дека системите за рана детекција и гасење на пожар претставуваат клучен елемент во заштитата на објекти, опрема и, пред сѐ, човечки животи.
Целта на презентацијата беше да се прикажат најновите достигнувања, технологии и иновации кои имаат значајно влијание врз проектирањето и имплементацијата на ефикасни противпожарни системи.
Во рамки на настанот беа опфатени следните теми:
Leggi tutto: Комерцијална презентација посветена на современите решенија за противпожарна заштита