Со големо задоволство ги известуваме сите наши членови дека Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) официјално ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација за периодот 2026-2029 година.
Овој стратешки документ означува почеток на нова, модерна ера во работењето на Комората, со примарна цел – воведување на висока услужна ефикасност, максимална транспарентност и елиминирање на рачните и административните процедури кои досега го забавуваа процесот на работа.
Визија и цели на дигиталната трансформација
Нашата дигитална мисија е јасна: Да обезбедиме ефикасни, сигурни и транспарентни дигитални услуги за членството и да ги оптимизираме внатрешните институционални постапки. Комората се трансформира во современа, интегрирана и дигитално поддржана професионална институција која работи во служба на своите членови.
Leggi tutto: Управниот одбор ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација на КОАИ (2026-2029)
Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Обуката беше организирана во соработка со Одделението на градежни инженери при КОАИ и беше наменета за сите активни членови на Комората, како и за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.
Leggi tutto: I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- 14 процедури