Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во рамките на својата заложба за поддршка на младите професионалци и унапредување на архитектонската и инженерската дејност, за првпат е покровител на наградата за најуспешен магистерски труд за учебната 2024/2025 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката помеѓу академската заедница и професионалната практика, со цел препознавање и поттикнување на креативноста, иновативноста и истражувачкиот пристап кај младите архитекти.
Leggi tutto: Поддршка на академската извонредност: КОАИ за првпат покровител на наградата за ,,Најдобар...
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) со особена чест за првпат беше покровител на доделувањето на наградата „Најдобар дипломиран студент на Градежниот факултет – Скопје“ за академската 2025/2026 година, која ѝ беше врачена на Ангела Јовческа, од студентска програма по градежништво.
Leggi tutto: КОАИ за првпат покровител на наградата „Најдобар дипломиран студент на Градежниот факултет –...