Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално од 2013 година, доделува четири годишни награди како израз на благодарност и почит за достигнувањата на своите членови. Наградите носат имиња по истакнатите стручњаци: проф. Борис Чипан, инженер архитект; проф. д-р Александар - Цане Ангелов, градежен инженер; проф. д-р Илија Черепналковски, машински инженер; и проф. д-р Станимир Јовановски, електро инженер.
Leggi tutto: Доделување на годишни награди од Комората
На 26 Април 2024 година во салата на Комората се одржа презентација на тема - Belimo Day 2024 „Мали уреди, големо влијание. Обезбедена енергетска ефикасност“.
Презентацијата е во организација на компанијата BELIMO Automation Handelsgesellschaft mbH од Виена, Австрија, а предавач беше Горан Андреев, регионален претставник на BELIMO.
Групацијата Belimo е лидер на глобалниот пазар во развој, производство и продажба на контролни уреди за енергетски ефикасна контрола на системите за греење, вентилација и климатизација. Фокусот на компанијата се дампер актуатори, регулациони вентили, сензори и уреди за мерење. Основана во 1975 година, компанијата вработува приближно 2.300 лица во преку 80 земји и присутна е на швајцарската берза (SIX) уште од 1995 година.
Belimo како водечка фирма во светот за енергетска ефикасност и декарбонизација на одржаната презентација ги претстави новостите за 2024 година.
Leggi tutto: Одржана презентација Belimo Day 2024 „Мали уреди, големо влијание. Обезбедена енергетска ефикасност“