PRESING | 2015 - 2011

iso logo 2023

×

Mesazh

EU e-Privacy Directive

This website uses cookies to manage authentication, navigation, and other functions. By using our website, you agree that we can place these types of cookies on your device.

View Privacy Policy

You have declined cookies. This decision can be reversed.

Пресинг 9
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.9 

ДАЛИ ГО ЗАБОРАВИВМЕ СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС?

Има настани кои оставаат длабока мемориска лузна во свеста на луѓето. Резот е со таков интензитет што продира до ткивото и на многу идни генерации. Еден таков настан, барем за скопјани, е катастрофалниот земјотрес од јули 1963 год. Тоа е настан кој изврши револуција во градежното конструкторство. Настан кој прерасна во своевидна гранична линија во градителскиот календар на Македонија, а и пошироко. Катастрофата на овој земјотрес не произлегува од неговиот интензитет кој се проценува на околу 6 степени според Рихтер. Причината за над 1000 загинати (единствената ненадоместлива штета), 3200 повредени, голем број урнати и тешко оштетени објекти, за жал, лежи исклучиво во слабиот квалитет на градбите. Впрочем, неквалитетната градба е докажан масовен убиец. Тоа го знаат сите, особено оние кои на себе ги почувствувале стравот, болката и страдањата предизвикани од убедливо најразорната природна катастрофа - земјотресот. Оние кои знаат дека тие неколку секунди можат животот да го превртат наопаку. Оние на кои во правта од разурнатите згради, како во лош сон им исчезнале блиските, саканите, стремежите, надежите, сништата, мечтите, плановите..... Во 63-та природата не опомени. Сериозно. Ни требаа децении макотрпна работа за да го поправиме впечатокот Дали после упешното отрезнување во шеесетите, напредокот во седумдесетите, достигнатото високо ниво и сериозност во осумдесетите, дозволивме транзицијата во деведесетите да не навлече на градителска импровизација, шпекулативност, неквалитет...... Дали лошото општествено опкружување и многуте деградирачки процеси ја урнаа и менталната конструкција на одговорност кон градењето и наметнаа стил на однесување во кој импровизацијата станува врвен приоритет и дострел. Дали сé и сите станавме жртви на нечии бескомпромисни трки по профит. Дали ја заборавивме научената лекција од Скопскиот земјотрес? Бројни се причините за ваквата состојба (движење наназад). Појавата на приватниот капитал во градежништвото и на сé она што тој со себе го донесе, презадоцнетиот, прилагоден на новото општествено уредување, прв Закон за градење во независна Македонија (2005 год.), пропаѓањето на големите градежни фирми и прекинувањето на генерацискиот пренос на знаење, маргинизирањето на постојаното учење, изработката на сомнителни проекти, лажните ревизии, виртуелниот надзор, односно контрола на градењето, премногу ниските критериуми за стекнување на право за добивање на стручните овластувања, митото, корупцијата и др. Објектите со генетски грешки во конструктивниот систем бодат очи, застрашуваат, предупредуваат, разочаруваат, влеваат недоверба. Во струката, во општеството, во системот, во нас. Неподносливата леснотија со која сé почесто се применува, за сеизмички активни подрачја непрепорачливиот, безгредов систем на градба, бескрупулозните, нестручни, насилни и храбри (од незнаење) адаптации на станбениот и деловниот простор, објектите со колосални димензии опасно надвиснати над стрмни падини, доградбите и надградбите, а понекогаш и доградби на надградбите на постојните трошни згради и сличните градителски авантури, стануваат наше секојдневие. За жал, поголем дел од нив иницирани и формално одобрени од страна на надлежните институции. Од оние кои се задолжени за спротивното. За гаранција на квалитетот. И затоа секое потсетување на Скопскиот земјотрес треба да биде потсетување на ужасите кои со себе може да ги донесе оваа природна појава. На ужасите кои можат да бидат предизвикани од незнаење и јавашлук во градењето. На ужасите кои можат да бидат избегнати единствено со постојано подигнување на квлитетот на градбата.