PRESING | 2015 - 2011

iso logo 2023

×

Mesazh

EU e-Privacy Directive

This website uses cookies to manage authentication, navigation, and other functions. By using our website, you agree that we can place these types of cookies on your device.

View Privacy Policy

You have declined cookies. This decision can be reversed.

Пресинг 1
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.1

ПРЕСИНГ

“Пресинг” е поим за еден вид агресивна одбрана која се приме- нува кај некои колективни натпревари. Еден вид напад во одбрана. Најчесто се организира во завршните решавачки мигови, тогаш кога се одлучува мечот. Целта на пресингот е да овозможи брза промена на резултатот. Пресврт во играта. Губитникот да го претвори во победник, оптимиз- мот да го надвладее песимизмот, радоста да ја замени тагата. За вре- ме на пресингот се води едновремена битка и со противникот и со вре- мето. Секој миг станува драгоцен. Времето за корекција на грешките сè покусо. За добар пресинг потребно е пред сè знаење. Вистинско знаење на сите учесници во “играта”. И на стратегот и на тимот. Знаење стекнато со постојано учење, многу труд и напорна работа. И секако со искуство. Пресингот подразбира тимски пристап во разрешувањето на про- блемите. Координирано покривање на секој дел од теренот. Не трпи индивидуализам, затскривање зад другите, себично самоштедење. Бара чувство на припадност кон целината, верба во себе, доверба во соиграчите. Добрата кондиција, како физичка така и умствена, претставува уште еден предуслов за спроведување на успешен пресинг. Постојаното и неуморно “дишење во врат” создава немир кај другите, ги прави не- рвозни, ги присилува да ја прифатат наметнатата игра. Пресингот не треба да биде ни премногу долг, ни премногу кус. Докол- ку е предолг предизвикува преуранет замор, пад на концентрацијата и на крај спротивен ефект. Ако е пак премногу кус останува недоречен, без реална можност за постигнување на целта. Поддршката од бучната, но објективна публика, односно јавност е “играч повеќе” во клучните мигови. Таа дава дополнителна сила и мо- тив да се истрае во пресингот, да се извлече потенцијалниот макси- мум. Со неа шансите за успех, но истовремено и одговорноста за евен- туален неуспех, стануваат поголеми. Пресингот, се разбира, во себе има вградено и големо количество на ризик. Оттаму, секое невнимание, непотребна импровизација, секоја грешка, дури и најмала, на кој било поединец од тимот, овозможува брзо поништување на стореното. Денес, почитувани колеги, во нашето професионално опкружување се појавува еден нов “ПРЕСИНГ”. Инженерски. Победнички.

Главен и одговорен уредник
Горан Марковски