Македонско-Германското стопанско здружение организира онлајн-конференција на тема „Обновливи извори на енергија и Енергетска ефикасност во згради во С. Македонија и Косово” која ќе се одржи на 23 ноември 2021 година со почеток во 10:00 часот.
Оваа конференција е наменета за претставници на македонските компании, институции и консултанти, со цел запознавање на учесниците со германските решенија на полето на енергетската ефикасност во згради и обновливите извори на енергија. Дополнително за заинтересираните македонски компании ќе се организираат B2B-средби со германските фирми-учесници на конференцијата.
Ова виртуелно “патување” е организирано од страна на консултантската куќа „energiewaechter GmbH“ од Германија, во соработка со Делегацијата на германското стопанство во С. Македонија, а под покровителство на Сојузното Министерство за економија и енергетика на СР Германија.
Учеството на оваа конференција е бесплатно.
Повеќе информации за конференцијата и формулар за регистрација
CALENDAR OF EVENTS
Mon | Tue | Wed | Thu | Fri | Sat | Sun |
---|---|---|---|---|---|---|
3
| ||||||
4
|
5
|
6
|
7
|
8
|
9
|
10
|
11
|
12
|
13
|
14
|
15
|
16
|
17
|
18
|
19
|
20
|
21
|
22
|
23
|
24
|
25
|
26
|
27
|
28
|
29
|
30
|
31
|
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS