Панел: Како до успешна професионална кариера

Едукација
Датум: 24 Јан 2023 17:30

Локација: Сала на Комора ОАИ

По повод 20 години доделување на признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани студенти Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржуваат низа настани и активности со цел да се обележи овој значаен јубилеј.

Првиот настан „Добитниците на инженерски прстен зборуваат за....“ се одржа на 1 декември 2022 година во ИНОФЕИТ на кој учествуваа добитниците што градат академска кариера. Повеќе информации за настанот

Вториот настан, ќе се одржи на 24 јануари 2023 година, во просториите на Комората ОАИ, и е замислен како панел дискусија на тема: Како до успешна професионална кариера, на која ќе зборуваат добитниците на инженерски прстен кои работат во деловниот сектор.