По повод 20 години доделување на признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани студенти Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, започнуваат низа настани и активности со цел да се обележи овој значаен јубилеј.
Првиот настан „Добитниците на инженерски прстен зборуваат за....“ се одржа на 1 декември 2022 година во ИНОФЕИТ на кој учествуваа добитниците што градат академска кариера.
Успешни универзитетски професори во панел дискусијата тема „Како до успешна академска кариера“ ги споделија своите искуства со помладите колеги. Модератор на панелот беше проф. д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.
Потоа со World café discussion: „20 години признание Инженерски прстен“, добитниците ги поставија насоките за работа на Клубот на носители на Инженерски прстен, со цел поголема промоција на инженерството кај младите и поддршка на најдобрите млади инженери за нивно напредување во професионалната кариера.