Со големо задоволство Ви ги претставуваме врвните експерти од академската и професионалната заедница кои ќе бидат клучниот дел од програмата на „Денови на Машински Инженери 2026“.
Преку своите предавања, тие ќе ја преточат главната тема на настанот – „Знаењето како темел, реализација како цел“ – споделувајќи искуства, современи трендови и практични примени во машинската индустрија.
Нашите еминентни предавачи:
- проф. д-р Виктор Гаврилоски (Машински факултет - Скопје)
- проф. д-р Дарко Бабунски (Машински факултет - Скопје)
- проф. д-р Владимир Мијаковски (Технички факултет - Битола)
- проф. д-р Бојан Јованоски (Машински факултет - Скопје)
Ова е ретка можност на едно место да слушнете за најновите технолошки достигнувања, да размените идеи и да се поврзете со колеги од целиот сектор.
- 🗓️ 5 Јуни, 2026 година, со почеток во 10:00 часот 📍Винарија Тиквеш, Кавадарци
- 🏢 Организатор: Комора на овластени архитекти и овластени инженери, Одделение на машински инженери
- 🎟️ Обезбедете го вашето место навреме! Капацитетот е ограничен.
- 📖 Комплетната агенда за настанот можете да ја погледнете преку соодветниот QR код на визуелот.






