![]() |
Монографија - 10 години Комора на овластени архитекти и овластени инженериКраток опис: Јубилеиите, на своевиден начин, се фатено време во просторот заради зачувување од заборавот на вредностите кои ни се битни. Тие се знак на поблиското или подалечното минато, а во нашиов случај тоа е десетгодишнината од работата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија. Дали 10 години се малку или многу работа, тешко е да се каже. Тоа е четвртина од работниот век на еден инженер. ![]() |
![]() |
Брошура на КоморатаКраток опис: По повод десетгодишнината на Комората издадена е брошура која можете да ја преземете на линкот подолу. ![]() |
![]() |
Леток на КоморатаКраток опис: Подолу можете да го преземете летокот со куси информации за Комората. ![]() |
![]() |
Монографија инженерски прстенКраток опис: Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери доделуваат посебно признание на секој Претседател на државата кој го доделувал Инженерскиот прстен за поддршка на инженерството и на младите инженери. ![]() |
![]() |
Белешки 88-014Краток опис: Белешки 88-014 од Тихомир Стојков Повеќе информации |
![]() |
Топлински мостови во градежни конструкцииКраток опис: Топлински мостови во градежни конструкции од Д-р Петар Николовски. Топлинските мостови се „најегзотичниот““” дел од градежната физика, бидејќи математичките процедури за пресметка на нивните физички параметри се многу комплицирани и бараат употреба на скапи софтвери, што во секојдневната практика за стручните лица претставува “невозможна мисија“. Затоа, проблемот се решава со каталози или атласи на топлински мостови, во коишто се пресметани основните физички големини на одреден број детали на топлинските мостови. Во повеќе европски земји постојат национални каталози на топлински мостови, но нивните детали се неупотребливи во земјите што лежат на трусни подрачја, какво што е подрачјето на Балканот и пошироко, целата југоисточна Европа. Повеќе информации |
![]() |
Градови за луѓеКраток опис: Книгата насловена Градови за луѓе од Проф. Јан Гел од Данска се смета за една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот, и е преведена на 35 јазици. Оваа година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија ја преведе и издаде книгата и на македонски јазик. |
ИЗДАНИЈА НА КОМОРАТА
- Посети: 5598