- Посети: 594
Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во сабота на 28.02.2026 година, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт).





