Во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/20, 294/21) и член 21 од Статутот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Претседателот на Комората донесе Решение за именување на офицер за заштита на лични податоци со бр.03-885/1 од 05.06.2023 година, со кое Генералниот секретар на Комората, Александар Манчевски, е назначен за офицер за заштита на личните податоци за Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Задолженијата на офицерот за заштита на лични податоци произлегуваат од материјалниот Закон за заштита на лични податоци и од интерните акти на Комората.
- Преземи Решение за именување на офицер за заштита на лични податоци
- Преземи Процедура за правата на субјектите на личните податоци
- Политика за приватност
- Политика за користење колачиња