×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Кандидадите кој ги исполнуваат условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесуваат Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање. Стручниот испит се полага во три сесии во месеците февруари, јуни и октомври, а за местото и времето на полагањето на стручниот испит секој кандидат добива известување на неговата електронска адреса од која што било испратено барањето, најмалку 15 дена пред денот одреден за полагање на стручниот испит, при што оваа информација ќе биде објавена и на веб страните на Министерството и на Комората.

Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ БР.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. треба да се приложат следните документи:

  1. Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
  2. Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање, како и
  3. Доказ дека го исполнува условот за работно искуство согласно член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, и согласно член 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит
  4. Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 и чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
  5. Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
  6. Доказа за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит

Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец ноември 2022 година изнесува 33011 ден., што упатува дека стручниот испит чини 11.589 ден. (35% од 33110 ден).
Уплатата од 11.589 денари се врши на следната сметка на Комората:

  • Жиро сметка: 250 001 002 332 248
  • Банка: Шпаркасе Банка
  • Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
  • Цел на дознака: за Стручен испит урбанистичко планирање

Подолу можете да ги преземете материјалите за стручниот испит:

Комроа ОАИМинистерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт и врски).
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува барање со пропратна документација согласно Правилникот во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Комора ОАИНа 12 октомври 2022 година, во Службен весник на РСМ, бр.219, Министерството за транспорт и врски го објави Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање.

Страница 3 од 3