Одржана презентација од Проф. д-р Огнен Марина во рамките на Втората годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола

DSCF0695Проф. д-р Огнен Марина, Декан на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, беше еден од високите гости кои се обратија пред стручната публика на вториот ден од Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола.
На почетокот Проф. д-р Огнен Марина истакна дека ваков вид на случување е извонреден начин каде може да се дискутираат клучни теми, кои ја определуваат сегашноста, но уште повеќе иднината на професијата и дека токму просторот во Офицерскиот дом во Битола е доказ за тоа колку архитектурата влијае на квалитетот на животот.

Во своето обраќање се осврна на етимолошката анализа на зборот архитектура. „Архи“ што значи „главен, прв, од кој потекнува“ и „текне” – „поредок на нештата“, „тектон“ – „уметност на споеви“, „тектоника“ – „уметност на градење“. Со тоа архитектурата значи знаење за внесување на поредокот во светот низ градење и релациите помеѓу луѓето и нештата. Понатаму се задржа на правната објективност дека архитектурата во Европската унија е единствена регулирана професија во градежниот сектор т.е. професија чиј пристап или извршување е предмет на поседување на професионални квалификации (формални квалификации, атест на компетентност и професионално искуство). Регулираната професија истовремено значи и професија која има директно влијание на добросостојбата на луѓето и заедниците и која мора да ги почитува етичките норми на општеството.
Во вториот дел од своето излагање, Проф. д-р Огнен Марина ја елаборираше спроведената анкета спроведена во 2022 година од страна на Архитектонскиот факултет во Скопје, а во соработка со Комората. Од истата, посочи исклкучително интересни резултати на прашањата поставени до младите архитекти, кои понатаму може да се користат како референци и смерници во идните програми за развој на професијата.
Во завршниот дел од својата презентација, Проф. д-р Огнен Марина повлече паралела помеѓу темата на настанот и теоријата „Agent Network Theory“ на филозофот Bruno Latour, со мислата „Денес сме ставени во позиција помеѓу идејата за „архитектот“ како осамен автор, фокусиран на сопствениот проект и воглавно неразбран од другите, наспроти „архитектот“ кој ги прифаќа и практикува алатките на моќ и влијание изразени преку знаењето, експертизата и искуството, но и негово активно вклучување во креирање на политиките и проектите за создавање на подобар свет“.

Преземете презентација на следниот линк.

DSCF0421.jpg DSCF0679.jpg DSCF0694.jpg

DSCF0695.jpg